вторник, 18 јуни 2024

Во Собранието продолжува дебатата за пакетот закони за коридорите

Објавено на

часот

Сподели

Денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог измените и дополнувањата на Законот за експропријација, предлог измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, како и Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители, сите по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледаат годишните извештаи за работа на Агенцијата за пошти за 2021 и за 2022 година, Извештајот за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2021 година, како и годишните извештаи за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2021 и за 2022 година.

На дневен ред на 115-та седница се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за работни односи, на Законот за експропријација и на Законот за градење, сите по скратена постапка.

На денешната седница се и законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за фитофармација, Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, сите по скратена постапка.

Меѓу другите точки на оваа седница се и законите за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и на Законот за извршување, Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители и Информацијата за состојбата во Судскиот Совет на Македонија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ