Во Словенија промовирана двојазична антологија на младите македонски поети

На Оделот за славистика при Филозофскиот факултет во Љубљана се промовираше двојазичната илустрирана антологија „Ново раѓање на зборот = Novo rojevanje besede“ со поезија од млади македонски автори родени од 1991 година. Изданието, неодамна го објави Македонско културно друштво Македонија од Љубљана со финансиска поддршка на Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија.

часот

Словенечкото издание претставува дел од истоимената  антологијата што ја приредија Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, во издание на ПНВ Публикации, 2023, и  содржи песни од Андреј Ал-Асади, Марија Грубор, Ива Дамјановски, Сара Ѓоријоска, Ивана Јовановска, Софија Поповска, Михајло Свидерски и Васил Ханџиски, во избор и препев на студентките по јужнословенски студии од Љубљана (Ана Марија Алачкоска, Маша Јосиповиќ, Жана Ковачич, Хана Подјед, Грета Рихтар, Лаура Сарафинов и Леа Водопивец) под менторство на нивната професорка по македонски јазик и книжевност Намита Субиото, а песните ги илустрираше Сашка Митрова Јорданова, членка на ликовната секција од Македонското културно друштво Македонја од Љубљана.

Пред една година, во рамките на годината во чест на Ацо Шопов, на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана, професорката по современа македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, д-р Весна Мојсова-Чепишевска одржа предавање за клучните карактеристики на поетиката, животот и делото на Ацо Шопов, а се промовираше и антологијата на младата македонска поезија „Ново раѓање на зборот“. Антологијата, што ја претставија Јулијана Величковска и Иван Автоновски, наиде на голем интерес кај студентите и студентките по јужнословенски студии во Љубљана кои решија да преведат одбрани песни и една година потоа се случува овој прв превод на оваа антологија, и тоа на словенечки јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ