петок, 20 септември 2024

Во скопски Петровец со 41,4°C денеска беше најтопло, вечеpва најспарно во Велес со 33°C

И денеска беше пеколно топол ден и покрај облачноста, па така УХМР измери максимална температура од 41,4°C во скопски Петровец. Вечерва не е освежено во поголемиот дел од земјава, па така во Велес е најтопло со 33°C.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Живата во термометарот во Демир Капија во текот на денот се искачи на 40,2°C, во Кавадарци на 40,1°C  додека во Скопје на мерното место во Зајчев Рид се измерени 38,9°C, но веројатно во бетонските делови на главниот град температурата го преминала 40-от степен. Дури и во Маврови Анови и во Лазарополе се измерени над 30°C.

Еве ја табелата на УХМР:

На места и заврнало. УХМР информира дека во Лазарополе наврнале 5 литри на метар квадратен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ