Легалните такси компании не можат да постигнат да одговорат на потребите на скопјани, па бројот на диви таксисти постојано расте, а цените кај нив се најмалку двојно поголеми од центите на легалните таксисти.
Градот мора да преземе мерки за справување со кризата, најпрво со градскиот превоз, а потоа и да се воспостави ред во такси-индустријата, бараат легалните такси-превозници и ги повикуваат сообраќајните инспектори да излезат на улица.