вторник, 11 февруари 2025

Во Сиднеј пронајдена приколка полна со експлозив и антисемитски пораки

На имот во Нов Јужен Велс овој месец била пронајдена приколка полна со експлозив, со белешка оставена до неа на која пишувало „Е**ти Евреите“. Според австралискиот 7њуз, приколката наводно била оставена покрај пат во предградие на Сиднеј на 19 јануари.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според 7њуз, локален жител ја одвлекол приколката на својот имот без да провери што има внатре. Откако го открил експлозивот, веднаш повикал полиција на Нов Јужен Велс.

Во приколката наводно била пронајдена порака со адреси, вклучувајќи ја и онаа на синагога во Сиднеј. Приколката потоа била запленета, а полицијата започнала истрага.

„Полицијата на Нов Јужен Велс работи со Австралиската федерална полиција, Комисијата за криминал на Нов Јужен Велс, Австралиската разузнавачка служба АСИО, како и со полицијата на Викторија и Квинсленд“, изјави заменик полицискиот комесар Дејвид Хадсон.

„Ова е активна истрага и ја сфаќаме многу сериозно, ги истражуваме сите можности. Нема закана за заедницата“.

Инспекторите ја разгледуваат можноста дека приколката намерно била оставена таму за да поттикне антисемитизам.

„Некои работи едноставно немаат смисла“, изјави извор за Дејли Телеграф. „Оставањето порака со адреси изгледа премногу очигледно, а фактот што приколката е оставена на јавен пат нè наведува да се посомневаме дека е подметната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ