Телата на четирите жртви биле извлечени од урнатините од спасувачки тим откако балистичка ракета погодила петкатница во градот.
Во меѓувреме, во украински напад со беспилотно летало е запалено складиште за гориво во Стари Оскол, град во руската област Белгород, на околу 100 километри од украинската граница.
Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм изјави дека нема информации за жртви.
Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 13 украински беспилотни летала, од кои девет во Белгород, два во Брјанск и два во областа Курск.
Во рускиот ракетен напад врз Кривиј Рих доцна во понеделникот загинаа мајка и нејзините три деца, објави во вторникот гувернерот на овој град во централна Украина, Олександр Вилкул.