сабота, 14 декември 2024

Во пресрет на зимата, сиромашни семејства од Пустец добија донација од печки на дрва и ќебиња

Локалната власт на општина Пустец, Албанија, во соработка со хуманитарната организација Црвена полумесечина, обезбеди помош за семејства во општината, кои се во неповолна социо-економска положба.

Објавено на

часот

Сподели

„Помошта се состои во печки на дрва, како и ќебиња. На 10 домаќинства им се доделени печки на дрва, кои ќе им помогнат во загревање на домовите во зимскиот период. Добивме и 10 пакети со ќебиња, кои ќе бидат распределени на повеќе семејства, во зависност од бројот на членови. Изразувам благодарност за великодушноста и посветеноста кон нашата заедница“, изјави за МИА, Пали Колефски, градоначалник на Пустец.

Додаде дека овој акт на солидарност носи топлина и надеж за оние кои најмногу имаат потреба и понудваат чувство дека не се заборавени.

Во рамки на соработката со оваа хуманитарната организација, Колефски најавува и друга хуманитарна помош и додава дека реализираат контакти и со други организации и амбасади за реализација на проекти во интерес на жителите на оваа општина.

Неодамна амбасадата на Јапонија во Тирана, на општината и донираше ново возило-багер, кое и беше повеќе од неопходно. Доделено им е врз основа на апликација на повикот на Амбасадата за учество на соодветниот проект, вреден над 70 илјади евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ