вторник, 15 октомври 2024

Во поплавите во Непал загинаа 151 лице, најмалку 56 се исчезнати (ВИДЕО)

Најмалку 151 лице загинаа во поплавите во Непал, додека 56 лица се водат како исчезнати, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Поради поплави и лизгање на земјиштето во земјата со околу 30 милиони жители, училиштата ќе бидат затворени во следните три дена, потврдија денеска локалните власти, пренесе Ројтерс.

Поплавите го парализираа сообраќајот и секојдневните активности во долината Катманду, три автопати, вклучувајќи го и клучниот пат Притви што го поврзува Катманду со остатокот од земјата, се блокирани од лизгање на земјиштето, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Непал, Риширам Тивари.

Автобускиот сообраќај на патиштата е забранет во текот на ноќта, а на возачите им се препорачува да не излегуваат на пат.

„Се очекува дождот да продолжи до крајот на викендот“, изјави Тивари, пренесе Асошиејтед прес.

Делови од Катманду беа целосно поплавени, како и многу куќи, принудувајќи ги жителите да се засолнат на последните катови од нивните станбени згради, непалските безбедносни сили беа ставени во состојба на готовност.

Силите за безбедност на Непал се ставени во состојба на готовност.

Ова се најголемите врнежи во главниот град на Непал од 1970 година.

Монсунските дождови од јуни до септември секоја година предизвикуваат жртви и уништување низ Јужна Азија, но бројот на смртоносни поплави и лизгање на земјиштето се зголеми во последните години.

Експертите велат дека климатските промени ја зголемуваат зачестеноста на ваквите појави и нивниот интензитет.

Повеќе од 220 лица загинаа оваа година во Непал во природни катастрофи поврзани со дождовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ