Од опозициската партија преку соопштение велат дека трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас, а за тоа се виновни Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски. Тие додаваат дека изминатите месеци постојано нуделе конкретни решенија за проблемот со цените.
„Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати веќе проверените мерки со кои СДСМ се бореше со ценовните шокови, тие решија да го остават проблемот и да го менаџираат со лажни кошнички. Резултатот го гледаме денес, а тоа се осиромашени граѓани, кои треба да избираат кој од основните производи да го купат“, се вели во соопштението на опозициската партија.
Оттаму велат и дека неспособноста на премиерот Христијан Мицкоски да се справи со растот на цените, како и лажните ПР-кампањи за кошничките довеле до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот.
Ја повикуваат Владата да ги прифати нивните предлози и идно да донесе мерки за заштита на граѓаните.