среда, 11 септември 2024

Во пералните за коли во Тетово се монтираат водомери за да нема злоупотреби со водата

Општинското јавно претпријатие за водовод и канализација Шар од Тетово неделева почна да поствува водомери во пералните за возила со цел да се спречат злоупотреби на досегашниот паушален начин на плаќање. Водомери се поставуваат и во домаќинствата, со цел граѓаните да плаќаат само за потрошената количина на вода.

Објавено на

часот

Сподели

„Во соработка со сопствениците успеавме да ја завршиме работата брзо и со сите потребни чекори. Се надеваме дека во иднина ќе оствариме соработка со сите сопственици на бизниси за перални на возила кои поради видот на работата користат голема количина на вода. Оваа акција ќе треба да заврши во скоро време, за да продолжи со поставување на водомери и во останатите места“, информираат од ЈКП Шар.

Периодов двата водоснабдителни системи обезбедуваат 390 литри вода во секунда, а за Тетово според бројот на жителите доволни се 350 литри.

 

„Моментално од новиот водоснабдителен систем Лешница има 140 литри во секунда, а од изворите на Шар Планина или стариот систем има количина на вода од 250 литри во секунда. Вкупно количината на водата што се снабдува градот е 390 литри“, информираат од Општина Тетово.

Од ЈКП „Шар“ и Општина Тетово со апел во овие летни денови рационално да се користи водата за  пиење со цел да не се трошат големи количини и на тој начин водоснабдувањето да биде овозможени и во зградите и куќите каде нема хидрофори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ