среда, 11 декември 2024

Во октомври општините издале дозволи за изградба на нови 913 станови

Во октомври општините издале 216 одобренија за изградба на згради. Вкупниот број на издадени дозвли за градба изнесува 363, во проценета вредност од 137,7 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во однос на октомври лани  забележан е раст од 11 проценти на издадените дозволи за градба.

Објавено на

часот

Сподели

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75 за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција. Според податоците од Државниот завод за статистика, за изградбата на 363 објекти, како физички лица инвестиртори се јавуваат 223, додека за останатите 140 објекти инвеститори се деловни субјекти. Предвидената вредност на објектите за една година е повисока за 12,3 насто. Се работи за сума од 8.469.616.000 денари.

Во октомври предвидена е изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81.247 м2. Зголемена е и вредноста на објектите што ќе се градат и изнесува 137,7 милиони евра. Најголемиот дел од становите – 322, ќе бидат лоцирани во скопската Општина Центар. Инаку, во Скопскиот регион ќе се изградат вкупно 471 стан. Издадени се 51 дозвола со вредност од 3.774.578.000 денари или околу 61,4 милиони евра.Од почетокот на годинава заклучно со октомври општините издале повеќе од три илјади дозволи за градби на објекти.

Рекорден по издадени одобренија за градба годинава е Гази Баба, додека по број на станови Аеродром. Последниот попис покажа дека една третина од становите во државата се празни.

За Североисточниот регион има само осум одобренија вредни 27.133.000 денари (441 илјада евра).

За другите региони статистиката покажува – за Вардарскиот се дадени 12 дозволи (89.594.000 денари), а за Источниот 24 (180.126.000 денари). За Југозападниот се 36 (667.557.000 денари), од кои 21 во Кичево. За Југоисточниот регион се 63 (1.354.801.000 денари), меѓу кои повеќето од половината, или 36 се за Струмица. Во Пелагонискиот регион најмногу ќе се гради во Прилеп, каде што се издадени 34 од вкупно 56 одобренија, чија заедничка вредност е 1.490.950.000 денари (24,2 милиони евра). Издадени се и 113 дозволи за градба во Полошкиот регион. Вредноста е проценета на 884.877.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ