понеделник, 14 октомври 2024

Во Мексико големи поплави по ураганот Хилари, невремето се движи кон САД (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) соопшти дека ураганот ослабнал во текот на вечерта на пат кон западно-централниот брег на полуостровот.

Се предвидува дека ќе изгуби повеќе сила и ќе стане тропска бура на патот кон јужна Калифорнија во текот на денот и вечерта. Но, опасниот дожд останува голема загриженост, соопшти НХЦ, со врнежи до 25 сантиметри кои се очекуваат во некои региони на Долна Калифорнија и Калифорнија.

„Се очекуваат поројни локални катастрофални поплави, особено во северните делови на полуостровот“, соопшти агенцијата. Американскиот претседател Џо Бајден доби извештај за подготовките за урагани и соработката на неговиот тим со државните и локалните агенции пред невремето, соопшти Белата куќа.

На мексиканскиот полуостровот  Долна Калифорнија, некои училишни и воннаставни активности се откажани до утре, а властите во вториот по големина град во Мексико, Тихуана, ги повикаа луѓето од областите со висок ризик да се преселат во привремените засолништа.

Поројните дождови веќе зафатија делови од Долна Калифорнија и југозападниот дел на САД. Американските власти ги предупредија граѓаните и деловните субјекти да преземат мерки на претпазливост.

Во Соединетите Американски Држави веќе се прекинати летовите и бејзбол натпреварите поради ураганот, од кои некои се одложени или преместени.

Речиси 200 летови закажани за денеска на меѓународниот аеродром во Сан Диего се откажани, а за утре се закажани уште 184 летови, соопшти веб-страницата Флајтавер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ