среда, 4 декември 2024

Во Куманово бесплатно се подигаат хаварисани возила

Кумановци кои имаат хаварисани возила имаат уште неколку дена да ја искористат услугата која ја нуди општина Куманово за бесплатен транспорт на возило до лиценциран отпад за железо, соопштија денеска надлежните.

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата почна на 28 октомври и ќе трае уште неколку дена, но засега интересот е незначителен. Општина Куманово заедно со ЈП „Куманово паркинг“ и СВР Куманово ќе спроведе акција за отстранување на хаварисани автомобили кои не се во возна состојба и со години зафаќаат јавни површини и паркинг простор.

По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина. Полицијата ги проверува сопствениците.

Сопствениците на хаварисаните автомобили со службите на ЈП „Куманово Паркинг“ имаат можност бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо. Сопственикот треба да биде присутен на процената и за возилото ќе добие паричен надоместок.

Отстранувањето на возилата ќе ги ослободи тротоарите, сметаат надлежните од ЈП „Куманово Паркинг“ кои најавија исцртување на паркинг зона „Б“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ