Министерот за внатрешни работи Шабани Луко рано утринава на мрежата Икс изјави дека затворениците во понеделникот се обиделе да побегнат од затворот Макала поради пожар што ја зафатил административната зграда и амбулантата.
„Привремениот биланс е 129 мртви, вклучително и 29 убиени од оружје по предупредување на чуварите“, рече Луко во изјавата, според Ал Џезира. Тој додаде дека 59 лица се повредени.
Министерот рече дека е направена значителна материјална штета, дека состанок на кризниот штаб со припадниците на одбранбените и безбедносните сили е во тек, но дека ситуацијата сега е под контрола.
Затворот Макала, најголемиот во земјата, со капацитет од 1.500, држел околу 12.000 затвореници, од кои повеќето чекале судење, се вели во најновиот извештај на Амнести интернешенел за Конго.
Претходно имало обиди за бегство од тој затвор, а во 2017 година десетици затвореници биле ослободени во напад на верска секта.
Пукањето во затворот започнало околу полноќ во неделата и продолжило до понеделник наутро, велат затворениците. Висок владин претставник претходно изјави дека за време на инцидентот биле потврдени само два смртни случаи, што активистите за човекови права го негираат.