среда, 4 декември 2024

Во клиника „Жан Митрев“ повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Иновативната метода за хирургија без рез, позната како иглеста фасциотомија повторно успешно е применета во клиника „Жан Митрев“. Д-р Синоличка Џамбазова специјалист ортопедски хирург, хирург за рака со примена на оваа метода трајно ги реши контрактурите на заглобовите и направи ослободување на тетивите предизвикани од Дипитренова болест во 4 стадиум.

Објавено на

часот

Сподели

Со ова на пациентот веќе наредниот ден му беше вратена комплетната подвижност и функција на раката. Претходно кај овој пациент беше спроведена ваква процедура и на десната рака.

За процедурата иглеста фасциотомија д-р Џамбазова има добиено повеќе награди од кои последната беше Прва награда во светот за 2023 година.

Оваа метода може да се примени и на други делови од телото како грб, стопало, лакт, колено, за решавање на најразлични патологии.

Клиниката „Жан Митрев“ е еден од ретките центри во светот каде оваа техника се применува во најтешките стадиуми од болеста.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ