Со ова на пациентот веќе наредниот ден му беше вратена комплетната подвижност и функција на раката. Претходно кај овој пациент беше спроведена ваква процедура и на десната рака.
За процедурата иглеста фасциотомија д-р Џамбазова има добиено повеќе награди од кои последната беше Прва награда во светот за 2023 година.
Оваа метода може да се примени и на други делови од телото како грб, стопало, лакт, колено, за решавање на најразлични патологии.
Клиниката „Жан Митрев“ е еден од ретките центри во светот каде оваа техника се применува во најтешките стадиуми од болеста.