среда, 15 јануари 2025

Во Кина снимен мистериозно летало крај полигон за нуклеарни тестирања

Сателитски снимки направени на 29 ноември откриле мистериозен бел објект на југозападниот крај на авионска писта во близина на кинескиот нуклеарен полигон Лоп Нур, познат по тестирања на вселенски летала за повеќекратна употреба, пренесува порталот Вор зоун.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Пистата, долга повеќе од 5 километри, е една од најдолгите во светот, а не неа е забележан објект чиј облик останува нејасен. Иако се чини дека има цилиндрична форма, сенката која личи на клин и ознаките на пистата сугерираат дека објектот има кратки крила. Димензиите на објектот, кои се проценуваат на околу 10 метри, потсетуваат на вселенските шпионски летала како Х-37Б.

Пистата и нејзината изолирана локација се идеални за тестирање вселенски летала кои можат да имаат воена намена. Кина во септември годинава најави враќање на своето експериментално вселенско летало за повеќекратна употреба, кое помина 268 дена во орбитата.

Меѓутоа, вселенските летала за повеќекратна употреба обично минуваат само кратко време на писта по мисијата, за, на пример, да се отстрани преостанатото гориво. Подолгото задржување на објектот и неговата позиција упатуваат на тоа дека не станува збор за летало кое тукушто се вратило од вселената.

Можно е да станува збор за објект за обука за ракување со вселенски летала на тлото. Некои шпекулираат дека може да е дел од понатамошни тестирања на кинескиот вселенски авион. Развојот на кинеските вселенски летала останува таинствен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ