сабота, 14 декември 2024

Во кавадаречко Горна Бошава водата не е за пиење

Водата во кавадаречко село Горна Бошава не е за пиење, објави МИА повикувајќе се на информации на граѓани кои имаат викендички во ова село.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесе МИА, кавадарчанецот Ристо Попов кој е поранешен новинар, појаснил дека вчера Центар  за јавно здравје – Велес до селската чешма во Горна Бошава, поставил табла со која се известуваат жителите дека од зголемениот вкупен број на бактерии и вкупен број на аеробни бактерии, се забранува употребата на водата за пиење.

Според него, ваквото предупредување во изминатите две децении било редовно, а поголем број на викендаши вода за пиење носеле од водоводот во Кавадарци, во пластични канти, шишиња и слично. Како што соопштил тој, локалните водоводи речиси во сите  12 населби од Бошавијата, постојано не одговарале на законските прописи.

„Досега  локалната самоуправа во  Кавадарци  на овој план не покажа ниту малку загриженост и интерес за асанација на објектите и околината, при што потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата, за да може да се користи како вода за пиење. Излезот од оваа состојба месните заедници од овие села го гледаат во  актуелниот градоначалник Митко Јанчев и сега веруваат во неговата принципиелност и ветување, состојбата тој нема да ја игнорира како своите претходници и има сигнали дека наскоро ке се зафати со конечно решавање на овој проблем што ги тишти повеќе од 600 жители во поранешната општина Конопиште“, напишал Попов на фејсбук, а пренесе МИА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ