понеделник, 10 февруари 2025

Во Јапонија се отвори огромна дупка и проголта камион (ВИДЕО)

Огромна дупка се отвори вчера на прометна сообраќајна раскрсница во јапонскиот град Јашио, која проголта камион со неговиот возач. Дупката широка 10 метри и длабока 5 метри се отвори околу 10 часот по локално време.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Веруваме дека дупката се отворила поради пукнатина на канализационата цевка во сливот на реката Накагава“, рече Мотохиро Оно, гувернер на префектурата Саитама.

И покрај напорите на спасувачите, возачот сè уште е заробен во кабината која е исполнета со песок и кал.

Спасувачките тимови пумпале воздух во дупката за да му обезбедат кислород на возачот, објави Нипон ТВ. Во меѓувреме, недалеку од првата дупка се отворила уште една дупка. Локалните власти ги повикаа жителите во радиус од 200 метри да се евакуираат бидејќи гасовод минува под земјата.

Возачот бил свесен на почетокот на спасувачката акција и комуницирал со спасувачите, но подоцна се појави информација дека спасувачите повеќе не можат да комуницираат со возачот. Во дупката останала само кабината, додека остатокот од возилото бил успешно извлечен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ