понеделник, 14 октомври 2024

Во израелскиот напад врз јужен Либан загинаа девет лица, меѓу кои и деца

Во воздушен напад на израелските сили рано утринава, девет лица од исто семејство загинаа, меѓу кои четири деца, во пограничниот град Шеба на југот на Либан, пренесува Ројтерс повикувајќи се на градоначалникот на Шеба, Мохамад Сааб.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нападот е извршен утринава околу 3 часот, изјави Сааб за британската агенција.

Израелската армија сè уште не ја презела одговорноста за нападот, според Тајмс оф Израел.

Либанската милитантна група Хезболах потврди дека нејзини членови истрелале низа ракети врз израелскиот град Тиберија, пренесува Франс прес.

Во соопштението Хезболах истакна дека ова е одговор на „дивјачките“ напади на Израел врз либанските градови и цивили.

Израелската армија претходно објави дека беспилотни летала и ракети од Либан навлегле на израелска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ