Околу 20.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и хотели на Родос за време на викендот, бидејќи пеколот што започна со пожарите пред една недела се прошири на крајбрежните одморалишта, откако огнената стихија изгоре големи површини и оштети и уништи згради.
Министерството за надворешни работи соопшти дека е активирано кризното управување со цел да се евакуираат странските државјани, а вчера со авиони дома се вратиле повеќе од 2.000 странски туристи.
?? ? Large-scale forest fires in Greece due to record heat
❗️The authorities announced the evacuation of people on the island of Corfu. Also, fires broke out in the northern part of the Peloponnese, near the city of Aigio.
According to police, 16,000 people have been evacuated… pic.twitter.com/mCrBiOOarN
— Zlatti71 (@djuric_zlatko) July 25, 2023
Се очекува денеска голем број странци да ја напуштат Грција преку специјални линии, а туристичките агенции ги откажаа планираните патувања.
Грција често ја погодуваат пожари во летните месеци, но климатските промени придонесоа за се поекстремни топлотни бранови низ југот на Европа, а се зголемуваат и стравувањата дека туристите ќе ги заобиколуваат овие дестинации.
Satellite images show the extent of the disaster in Greece: New fires flare up pic.twitter.com/ZyEWInFCDx
— Spriter Team (@SpriterTeam) July 25, 2023
Стотици пожарникари со помош на екипи од Турција и Словачка се обидуваат да ги скротат пожарите кои беснеат во близина на селата Генади и Вати на југоисточниот дел на Родос, а горештините и ветровите ја отежнуваат ситуацијата.
Горат и Крф и островот Евија, недалеку од Атина. „Пожарите повторно се активираа низ целата земја, но засега нема закана за населените места“, изјави припадник на противпожарната служба.
Грција во изминативе недели е на удар на многу високи температури, а се очекува од утре живата во термометрите да се искачи над 44 Целзиусови степени.
Денес, цивилната заштита предупредува на исклучително висок ризик од пожар на Родос и Крит. Грчките острови се популарни туристички дестинации, особено за Германците и Британците. Туризмот учествува со дури 18 отсто од грчкиот БДП.