вторник, 15 октомври 2024

Во Грција беснеат шумски пожари веќе трет ден (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Голем шумски пожар избувна денеска северно од Атика, на 100 километри северно од Атина, постар овчар починал како последица на вдишување чад кога дотрчал до трлото за да ги спаси своите животни, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Пожар избувна и на островот Евија, каде со пламените јазици се борат 42 пожарникари и четири авиони, а пожарите сѐ уште беснеат во североисточна Грција во близина на пристанишниот град Александрополис.

Седум пожарникари и еден волонтер беа хоспитализирани со повреди, десетина населби беа евакуирани во текот на викендот, а властите за цивилна заштита ги повикаа жителите да останат во затворени простории поради чадот.

На лице место интервенирале 56 пожарникари со помош на четири авиони, пренесува Фигаро и додава дека е издадено известување за евакуација за туристите кои биле на блиската плажа.

Во Александрополис веќе трет ден беснеат шумски пожари и покрај напорите на грчките противпожарни служби, војската и доброволците кои продолжија со гаснењето на пожарот во текот на ноќта. Како што јави ЕРТ, седуммина пожарникари се повредени и сега се во добра состојба откако им била укажана прва помош.

Откако се раздени во гаснењето на пожарот се вклучија и четири авиони и четири хеликоптери, кои гасат активни пожари од воздух, пренесува Прототема.

На терен се 198 пожарникари во 26 екипи и 59 возила, соопшти Противпожарната служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ