понеделник, 14 октомври 2024

Во Германија е уапсен Сириец осомничен дека планирал напад врз војници

Германската полиција во сојузната покраина Баварија уапси Сириец под обвинение дека подготвувал напад со исламистичка позадина против војници на германските вооружени сили (Бундесвер).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Дваесет и седумгодишниот осомничен подготвувал напад со мачета со намера да убие војници на Бундесверот во центарот на градот Хоф“, соопшти државното правобранителство во Минхен.

Во соопштението се наведува дека уапсениот Сириец планирал да ги нападне војниците за време на нивната пауза за ручек со намера „да убие што е можно повеќе војници“.

„Така осомничениот, за кој се претпоставува дека е следбеник на радикалната исламистичка идеологија, сакал да шири страв и паника меѓу граѓаните“, се соопштува.

Сириецот, за кого не се наведува кога и под кои околности пристигнал во Германија, бил уапсен во четвртокот во близина на градот Хоф во северна Баварија.

Во Солинген на крајот на август, Сириец нападна на градска прослава, при што уби тројца и рани осум лица.

Нападот предизвика нова дебата за односот на Германија кон нерегуларната миграција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ