Еден пилот ја преживеа несреќата, додека по двајца членови на екипажот на другиот авион се трага, соопшти Министерството за одбрана, пренесува Ројтерс.
Медиумите тврдат дека во вториот авион заедно со пилотот имало и студент на обука по летање.
Во близина на местото на несреќата се наоѓа воздухопловната база 133 во Ошеј.
По барање на префектот Франсоа Сулиман веднаш бил активиран ресорниот оперативен центар и бил покренат планот САТЕР (спасување воздух-земја) за поддршка на воените сили.