петок, 4 октомври 2024

Во два засебни случаи во Битола, пронајдени артилериска граната и школска тромблонска граната

На патот за битолското село Бистрица, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола подигнал артилериска граната со калибар 105 милиметри од Првата светска војна.

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопшти МВР, претходно во СВР Битола, В.К.(36) од Битола пријавил дека ја пронашол гранатата при градежни работи на местото.

Денеска исто така од улica Паца Мирчева во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола подигнал школска тромблонска граната за која Д.А.(36) пријавил дека ја нашол на 27 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ