вторник, 10 декември 2024

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров вечерва премиера на претставата „Ние луѓето“

Театарската претстава „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“, во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска вечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура во Ѓорче Петров.

Објавено на

часот

Сподели

Асистент на режија и едукатор е режисерката од Бугарија, Гергана Тодева. Во претставата како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој.

„’Ние, луѓето’ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој поминаа низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело“, информира Театар Пи.

Претставата е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби, како и лица со атипичен развој во културата почната во јануари 2023 година, а завршува со театарска премиера. Проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

Театар Пи е создаден пред 15 години и единствениот на Балканот кој континуирано работи со лица со интелектуална попреченост и лица со атипичен развој. Тој е основан и предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ