вторник, 3 декември 2024

Во Берово и беровско започна дистрибуција на вода од цистерни

Во Берово од денеска почна организираната доставата на вода преку цистерните од страна на Јавното претпријатие (ЈП) Услуга. Доставата се врши откако претходно беше утврдено зголемено присуство на манган во водата од градскиот водовод.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Доставата на вода од цистерни се врши на повеќе локации. Почнавме од 8 часот со достава на вода на локација кај Здравен дом и Гимназијата Ацо Русковски , како и месностите Нешовци и Јарбол. Достава на вода ќе се врши и во останатоте населени места. Во село Митрашинци и село Русиново од 11:30 часот, село Будинарци и село Владимирово од 12:30 часот, село Мачево и село Смојмирово од 13:30 часот, информираа од ЈП Услуга.

За институциите доставување вода, како што додадоа, ќе се врши по договор.

„Секоја цистерна ќе се задржи по 45 минути на одредената локација. Апелираме за ред и дисциплина. За секој жител ќе биде обезбедена потребната количина на вода, а лице за контакт е лаборант Влатко Дујовски, кој е достапен на телефонот 070-219-328„, додадоа од ЈП Услуга.

Водата со цистерни, како што додадоа, се полни од соседното Делчево.

Анализите на водата во Берово претходно покажаа зголемено присуство на манган поради што од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Сектор за инспекциски надзор – подрачна единица Берово беше препорачано таа да се користи само за техничка употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ