„Синоќа околу 21 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар ги приведоа Б.М.(22) и Ф.Л.(22), двајцата од Дебар. При преглед на моторно возило форд фиеста со дебарски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдена и одземена е дробилка со остатоци од марихуана“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е последователен случај на откривање марихуана за кус временски период.
Претходно полициските службеници приведоа две момчиња од Дебар на возраст од 19 години откако во патничко моторно возило пежо со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувале, пронајдоа и одзедоа најлонска со марихуана.
Дополнително, при преглед кај едно од момчињата пронајдено и одземено беше пакување со марихуана.
Во други две одделни акции кај жител на селото Отпишани и кај дебранец, во месноста „Удово“ кај градската плажа на Дебарско Езеро беа запленети марихуана и дробилки за марихуана.