среда, 22 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека РЕК Битола набрзо ќе биде вратен во работен процес

По соопштението од СДСМ, дека двата блока на РЕК Битола не произведува струја и дека ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека ваквите испади во енергетскиот сектор се директна последица на работењето на сегашната опозиција, додека беа на власт. Истовремено, информираат дека проблемот во РЕК Битола е навреме детектиран, а блоковите набрзо ќе бидат вратени во работен процес.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС кои, до пред шест месеци, седум години системски го уништуваа енергетскиот сектор, сега најдоа да зборуваат за проблеми кои навремено се детектирани и се работи на експресно решавање на проблемите.

Испадот на РЕК Битола од мрежата е директна последица на неправилното, несоодветно и криминално одржување на блоковите од страна на криминалните СДС и ДУИ.

Новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектираа проблемот и се работи на санирање и решавање на проблемите. Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа.

Ја потсетуваме јавноста дека ваквите проблеми во енергетскиот сектор се последица, исклучиво, на криминалното работење на СДС и ДУИ.

Тоа веќе го потврдуваат и надлежните институции кои покренаа и обвинение против првите лица на РЕК Битола за сторен криминал во вредност од шест и пол милиони евра.

И тоа не е единствениот криминал во енергетскиот сектор. Надлежните институции каде и да чепнат во енергетиката, особено во РЕК Битола ќе најдат криминал.

За време на седумгодишниот период на нивно владеење, СДС и ДУИ преку криминалните шеми од епски размери, ЕСМ од профитабилно претпријатие го донесоа во состојба на загубар.

Затоа СДС, кои системски го уништија РЕК Битола и енергетскиот сектор, сега да не глумат лажна грижа. Новите раководства во сите енергетски претпријатија посветено работат на стабилизирање на енергетскиот сектор, а РЕК Битола за кратко време, веднаш по санирањето на проблемот, воедно наследен од претходно, ќе биде вратен во функција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ