Според партијата, СДСМ и ДУИ со години во правосудниот систем „си поставуваа судии и обвинители по нивна мерка, кои ќе работат во нивна корист, наместо за општото добро на државата и граѓаните“.
„Поставените судии и обвинители, ДУИ и СДС после тоа ги користеле за влијанија во истражни и обвинителни постапки, како и во судски одлуки. Тоа се покажа и потврди и со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД. Една од причините поради кои Груби се најде на црната листа, е токму заради криминалното мешање во судството, кој земал мито за да влијае на судски одлуки. Криминалните дејствија успеа да ги види и за нив да обезбеди докази нашиот стратешки партнер САД, но тоа не можат да го видат нашите октроирани и од СДС и ДУИ поставени обвинители. Со секој изминат ден во кој нема истражна постапка за утврдување на криминалните дела сторени од Артан Груби, Јавното обвинителство го пробива секое дно и ја поткопува и така ниската доверба од граѓаните. Не отворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека на цела македонска јавност сега ѝ е јасно за повиците на ВМРО-ДПМНЕ до судството и обвинителството да почнат да си ја работат работата за кои се платени и да работат по закон.
„И исто така, македонските граѓани добро знаат дека на таквите повици кога реагираат СДС и ДУИ дека тоа било политички притисок, всушност се нивните изблици на страв од губење на контролата и доаѓање на период на одговорност за сторените криминали. Одговорност за сторените криминали и корупција од страна на челниците на СДС и ДУИ мора да има, а за тоа е потребно само судиите и обвинителите да почнат да работата по закон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.