понеделник, 7 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ со два софтверски проекти ќе ја намали корупцијата во урбанизмот

Со два софтверски проекти, е-урбанизам и бим софтвер ќе се бориме против корупцијата во урбанизмот. Првиот, е-урбанизам или е-простор значи намалување на постапките и времето што се чека од надлежни институции за одговор. Сега за еден проект потребно е мислење од институции како МЕПСО, ЕВН, комунални претпријатија, министерства  други институции како Завод за културно и историско наследство, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Вториот, бим софтвер или бим алатка, би ја користеле проектантите и институциите кои во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го вметнат самиот проект, а алатката да ми даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи. И со ова идејата е да се забрза процесот на давање на градежна дозвола. Или вака ќе се зголеми транспарентноста и ќе се намали корупцијата.

Овие алатки ќе водат до поголема транспарентност, побрз процес на издавање на документи и што е најважно со ова ќе се сузбива корупцијата во општеството која е еден од најголемите проблеми на граѓаните.

Овие алатки се и начин да се врати изгубената доверба во институциите во овој период на владеење на СДС и ДУИ. Со отчетна и чесна работа ќе ја вратиме довербата на граѓаните кон институциите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ