среда, 11 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани да знаат која е адресата на виновникот за хаосот на улиците – Данела Арсовска и СДС

Објавено на

часот

Сподели

„ Јасна е работата. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е градот Скопје да ги измени правилниците и цените по изминат километар за приватните превозници, а предлогот на СДС, поддржан од Левица и ДУИ е да се поскапи автобускиот билет за граѓаните.

На вчерашната седница на Советот се изгласа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, и Данела Арсовска го поништи гласањето.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ направија сè што е во нивна можност да се реши проблемот со приватните превозници, сè што требаше е Данела Арсовска да не води инает со скопјани и да го спроведе заклучокот донесен од Советот. Скопје не смее да биде блокирано заради инает на една личност.

Неспроведувањето на одлуката е резултат на самоволие и насилие на Данела Арсовска, поддржано од Левица, СДС и ДУИ. Поништувањето на легитимно и легално гласање постои во режимот на Чаушеску, во Северна Кореја и денес, кај Данела Арсовска.

Ако нема решение до понеделник, какво и да е, приватните превозници нема да сообраќаат и повторно нема да функционира јавниот превоз.

Скопјани да знаат која е адресата на виновникот за хаосот на улиците – Данела Арсовска и СДС“, порача Анета Марковска-Илиевска .

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ