Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение, му порача ВМРО-ДПМНЕ на премиерот.
„Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните. Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци. И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, сè што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне. Единствен излез од оваа криза се само избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ .