„Во грдата и сурова реалност на народот, граѓаните живеат во сиромаштија зошто СДС и ДУИ поддржани од Левица освен тоа што се утепуваат од крадење, немаат ниту една инвестиција и ниту една реформа.
И додека ја натерале Богданка (портпаролката Кузеска, н.з.) со сила да се воодушевува на договорот со Фронтекс, народот она што го мачи е инфлацијата и срушениот стандард. Го мачи и тоа што историскиот договор за коридорот 8 се претвори во историски грабеж. Тоа што додека се празнат џебовите на народот, тој на Ковачевски се зголемуват“, се вели во партиската реакција.