петок, 15 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ за три години за сајбер безбедност потрошиле 6 милиони евра

За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ. Владата на СДС и ДУИ ги трошела народните пари за свои потреби. Владата на СДС и ДУИ потрошила 377 милиони денари или околу 6 милиони евра за заштита на државните институции од сајбер напади во периодот од 2020 до крајот на 2023 година, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Неправилностите и за ова ги констатираат и државните институции или Државниот завод за ревизија.

Државниот завод за ревизија констатирал дека владините тела склучиле 283 договори за информациска безбедност, а државата сепак не ги заштитила информациските системи на државата кои располагаат со чувствителни податоци.

Со сајбер напади се соочија повеќе државни институции меѓу кои, Министерствата за образование, Министерството за земјоделие, сајтовите на Влада, Државна изборна комисија, а некои хакерски подвизи воопшто не се регистрирани, бидејќи нема правна регулатива за задолжително пријавување.

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ