понеделник, 7 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ објави два анкетни листови за имотната состојба на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ и вечерва го продолжи презентирањето на имотот на лидерот на СДСМ за кој тврди дека се разликува од тоа што тој го пријавил пред шест години, односно дека, според партијата, има непријавени станови,. Партијата вечерва објави два документи, откако денеска од СДСМ изнесоа демант на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ со тврдење дека имотот на Филипче не е зголемен ниту за еден метар квадратен и со квалификација дека партијата на власт изнесува лажни и глупави наводи.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

„Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови од 2018  и 2024 година се доказ, истите ги објавуваме и сами нека воочат.

 

Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година и проценета на 27,8 милиони денари, како и стан од 130 м2. проценет на 7,8 милони денари стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2  стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје вреден 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата;  втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари, кој исто така не го пријавил додека бил министер; два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во Анкетниот лист додека бил министер и; стан во Центар вреден 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Чекаме објаснување како може да се работи за ист имот, а самиот Венко Филипче навел дека го стекнал во различни години“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ