вторник, 8 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ не сака стратегиски проекти и намерно лаже за Бехтел и Енка, тврдат од СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Како кај секој друг договор каде инвеститорот и изведувачот имаат свои права и обврски, изведувачот може да работи во услови каде важат постоечките законски  одредби, но сепак во тој случај рокот за изведба би бил подолг. Лажно е и тврдењето дека со промената на законските решенија се нарушуват работничките права. 
Станува збор за предложени измени во Законот за работни односи кои се однесуваат само на проекти од стратегиски и национален интерес, односно се работи за решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа за останатите прекувремени часови согласно Законот за работни односи. 
И она што е најважно, сето тоа ќе се случува единствено со претходна обезбедена писмена согласност од самиот работник“, објаснуваат од СДСМ.

Во соопштението се додава дека ВМРО-ДПМНЕ во времето на своето владеење, „системски ги кршеше работничките права, а македонските граѓани ги сметаше и ги претставуваше како евтина работна сила“.

Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10 д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ