Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената? Ова отвора сомневања и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра.
Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на најчувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?
Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење.
За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од детската клиника“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.