сабота, 14 декември 2024

ВМРО – ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат

Артан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела. Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата тврдат дека поранешниот вицепремиер Артан Груби во влијанието во судството не бил сам, логистика за тоа му биле „патериците од СДС“ и дека .ДУИ и СДСМ заеднички, седум години, поставувале свои луѓе во правосудниот систем.

„Се поставува прашањето во колку судски процеси и во колку судски одлуки СДС и ДУИ вијаеле и ја спречиле правдата, или пак во колку граѓански постапка влијаеле за да се донеси одлука во нивна корист? Затоа судството е целосно компромитирано и со доверба од граѓаните од 2 отсто. За ваквото деградирање и мешање во правосудството одговорност мора да има. Сите соучесници на Груби, исто како него, треба да сносат одговорност и да се соочат со лицето на правдата пред македонските органи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијатта смета дека Јавното обвинителство не треба да чека, туку треба веднаш да постапи и да ги обезбеди доказите.

„Ако САД можеле да ги обезбедат доказите за мешање и влијанија на Груби во судски одлуки, истите можат и мораат да ги обезбедат и нашите истражни органи. Повикуваме судиите и обвинителите да се разбудат и да почнат да си ја работаат работа за коишто се платите од граѓаните, согласно закон. Кривична одговорност за Груби и за неговите помагачи во СДС и ДУИ мора да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ