среда, 19 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Голем е очајот во СДСМ кога вадат сметки од пред осум години

Колку е голем очајот во СДСМ се гледа во тоа што вадат сметки стари осум години за да манипулираат за претседателот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитиреска Кочоска, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако претходо денеска на прес конференција, организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски обвини дека Мицкоски и Димитриеска Кочоска додека биле директор односно директорка за финансии во државната компанија ЕЛЕМ се гоштевале со виски Џони вокер – блек, ракија Дуњовача, поховани јагнешки шницли, купус салата, ќебапи, крвав бифтек, чоколадно суфле, крем пита „И као да си Анџео“.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако имало било што за претседателот Мицкоски и министерката Кочоска, СДС со зурли и на тапани изминативе осум години ќе го објавеа и процесуираа. СДС манипулира со сметки, затоа што се очајни и не знаат каде тераат. Ако зборуваме за сметки и кафански ручеци и хотелски сместувања, првото место оди за СДС, нема да се спуштаме на тоа ниво да докажуваме кој што правел, доволно е да се погледне од Бисера Антоанета, преку Маричиќ па надолу. Зошто е очајот голем? Голем е затоа што за првпат во Македонија нивото на инвестиции е над 1.2 милијарди евра, се покачија плати и пензии. СДС гледа дека нивната политика е поразена одамна, а падот во рејтинг не им престанува иако се длабоко во опозиција“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ