недела, 16 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ го „набави“ договорот со Бехтел и Енка, делови ќе бидат објавувани

Објавено на

часот

Сподели

„Не знам дали е тој истиот договор, но еве ние ќе објавуваме во јавноста па Владата нека демантира дали е тоа така или не е тоа така. Ние сега го анализираме договорот што го добивме“, рече Мицкоски

Како првично сознание тој нагласи дека може да каже оти договорот „на Ковачевски и Груби или на Груби и Ковачевски“ е скандалозен по стотина основи и дека при секое излегување во јавноста по еден основ ќе бидат објавувани делови.

„Ќе кажам денеска дека во договорот има еден елемент кој вели дека законодавството пред кој овој договор одговара е законодавството на Англија и Велс“, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека ги анализирале и договорите со компаниите Актор и Синохидро, а кои, и едниот и другиот, се поврзани со законодавството во Македонија. За разлика од тие два проекти овој проект важечко при евентуален спор ќе биде законодавството на Англија и Велс.

„Доколку утре имаме спор, а ќе имаме бидејќи во самиот договор нема цени од тоа што можевме да го видиме за најмалку 30 ставки. Тогаш ние ќе треба да се појавиме во Париз пред меѓународната стопанска организација и да го водиме тој спор“, кажа Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека при евентуален спор важечко не е законодавството на Македонија туку на Англија и Велс. Скандалот да биде уште поголем тој е сосема спротивен модел односно аглосаксонски модел и нема никаква врска со континенталниот модел како што е македонското законодавство.

„Втора работа која ќе ја кажам денеска е дека освен во клучните зборови напочеток на договорот зборот Фидик никаде понатаму во самиот договор не се споменува бидејќи велеа според Фидик ќе го прават, па така освен во клучните зборови никаде понатаму зборот Фидик го нема. Што е зборот Фидик? Тој е меѓународен стандард по кој се реализираат меѓународни договори“, вели Мицкоски.

Мицкоски упати повик до претседателот на Стопанската комора на Македонија да покани претставници од ВМРО-ДПМНЕ на настан за договорот со Бехтел и Енка.

„Го повикувам претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески бидејќи организира претставување на овој договор во рамките на стопанската комора на кој ќе биде првиот вицепремиер Артан Груби и ќе го презентира да дозволи и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ  да бидат присутни на тој настан и да го презентираме нашиот став пред стопанствениците во Македонија за овој договор“, кажа Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ