„Венко Филипче да каже дали тргна по паметот на Левица и сега даде насока на своите советници да ги напаѓаат САД. Свесен ли е Венко Филипче која штета ја прави за државата? Очајот на СДС нема крај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Го менува ли курсот СДС по паметот на Левица?
Вчера Сашо Ордановски, еден од главните советници на СДС и нивна сива еминенција со навреди го нападна претседателот на САД Доналд Трамп, кого го нарече лажго и необразован. Ордановски сивата еминенција во СДС го нарече потпретседателот на САД Џеј Ди Венс неонацист. Дали СДС менува курс во политиката и тргна против нашиот стратешки партнер, САД, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
часот