„Кога еден млад човек сака да направи нешто добро за својата земја, за својата околина за своите пријатели, другари своите поколенија и сите останати Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација на која што треба да и се приклучи затоа што таа е единствената организација во државата која што има структура, сила, моќ, и волја да ги канализира сите идеи и потреби на младите и истите да ги преточи во реализација без разлика дали тоа се млади Роми, Срби и други. Сите ние имаме исти или слични проблеми/ И на вас и на нас ни недостасува посигурна иднина образование ни недостасуваат работни места, ни недостасува иднина овде во Македонија на сите млади луѓе“, истакна Попов.
Попов упати порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили се отворени за сите, да се приклучат и да бидат активни, гласни и борбени доколку сакаат да направат добри работи за општеството.
„ВМРО-ДПМНЕ докажала дека кога е на власт ги реализира ветувањата, а на младите луѓе не заборава. Па така нема да заборави ниту на младите Роми, ниту набило кои други млади во Македонија. Јас ве повикувам вас, младите Роми да бидете активни гласни да бидете бурни, да бидете борбени, и сте работи ќе си дојдат на свое место“, нагласи Попов.
Ромските проблеми се секојдневно, 365 дена во годината, а овој ден е само да се одбележи и да се укаже на значењето на денот, рече актерот и водител Рамуш Муарем – Цирко.
„Што се однесува до областа на културата и застапеноста, секој народ секоја нација нормално аналогно на ова и ромскиот народ си има своја култура, идентитет, традиција и според тоа кога еден народ или една нација не ја одбележува или не го покажува тоа преку такви културни допирни точки, тогаш тој е невидлив за другите заедници или другите народи. Од тој аспект овдека во нашава држава можам слободно да кажам дека сме многу „тенки“ на тоа поле затоа што со години наназад ромскиот народ е заборавен на тоа поле да се идентификува преку своите културни вредности преку разни манифестации, преку разни содржини од културен аспект, а преку тоа народот си ја рефлектира и си ја кажува својата историја, култура, традиција. Секаде познато е тоа дека фолклорно кажано ромите се многу познати и музикални. Да, но од година на година баш од тој аспект згаснуваат многу музички манифестации кои порано биле доста актуелни и одеднаш ги снемува“, истакна актерот и водител Рамуш Муарем – Цирко.
Тој исто така потенцираше дека на територија на Македонија буквално невидливи се културните активности од видот на театарот или драмата, а за издавање на книги списанија не се ни спомнува.
За состојбите во културата, Цирко упати критики до Министерството за култура кое од буџет од 33 милиони евра, за Ромите доделило околу четириесет илјади евра, а со тоа се врши, како што рече, ромски културен геноцид.
„Последниот конкурс од Министерството за култура, за распределба на средства за културни активности. Од 32 или 33 милиони евра буџет, за проектите од областа на културата за ромите, од апликациите одобрени се одвај 30-тина или 40 илјади евра. Тоа е скроз невидливо или јас би рекол дека во последно време над ромската култура се прави ромски културен геноцид“, додаде Муарем – Цирко.
На панел дискусијата се обрати и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари Ерџан Демир кој исто така упати критики до Владата затоа што во последните години интеграцијата на Ромите во државата е сосема запрена, а тоа може да се види и по тоа Ромите ги нема ниту во парламентарниот состав ниту во извршната власт или другите ешалони.
Последниве години можеме слободно да кажеме дека интеграцијата на Ромите во државата е сосема запрена и немаме никаков чекор на придвижување напред“, истакна Демир.
„Од актуелната власт, буквално слободно може да речеме дека нема никаква инвестиција или некакво подобрување на ситуацијата во однос на Ромите. Еве конкретно да го земеме примерот со образованието. Порано во Шуто Оризари имавме проблем со капацитетот на училиштата. Значи имавме толку голем број на деца запишани во основните училишта каде што немаше простор каде да се соберат истите деца и тие беа приморани да одат во неколку смени, односно во 3-4 смени во школо сѐ со цел да следат настава. Но со одлука на тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука да се направи доградба на двете основни училишта во Шуто Оризари за да им се овозможи на сите деца да следат редовна настава. Денеска се случува сосема спротивното“, рече Демир.