„Според Извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на Детската клиника во 2022 година, констатирано е дека без тендер се набавувале лекови во вредност од неколку милиони.
За време на раководењето на кадри од СДС и ДУИ, Клиниката за детски болести набавила лекови од 8,6 милиони денари на реверс, а потоа ги вратила на фирмата која го добила тендерот.
Освен кон набавените лекови, детска клиника во време на СДС и ДУИ неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивала како донација, така што за две донации не е запишано која сума се проценуваат.
Според податоците во извештајот, примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а лекови вредни над 50 милиони евра останале неискористени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ова само покажува „колку е голема неспособноста на СДС и ДУИ, и колку недомаќински и расипнички раководеле со јавните здравствени установи“.
„Кај што ги трошеле и не ги штеделе парите на граѓаните, така и со донациите недомаќински управувале. Како и во целата држава, така и во здравството СДС и ДУИ направија хаос и целосно го урнисаа“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, со констатции за неодговорно работење на претходната власт во здравството.