четврток, 10 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Дуото Ковачевски – Груби е крими тандем

Објавено на

часот

Сподели

Имено од досегашните информации кои излегоа во јавноста Ковачевски и Груби се обврзале да изменат закони, од кои клучен е законот за работни односи и ако тоа не го направат Македонија ќе треба на изведувачот да му исплати еднократен износ од 53 милиони евра, месечни износи од 2,1 милион евра во текот на изградбата и дополнително пролонгирање на рокот за изградбата. Штетата која ја направиле е над 200 милиони евра. Рокот за промена на законот кој што Груби и Ковачевски го прифатиле во име на Собранието, е 45 дена, а дури и да ги направат овие промени ден после овој рок кој истекува на 23 април, повторно мораат да ја исплатат оваа неверојатна сума од 53 милиони евра. Ете до толку оваа неодговорна и криминална власт се однесува со интересите и парите на граѓаните. Потпишале договор за после да менуваат закони, што само по себе е апсурд и прекршување на норми.

Да биде безобразието на Груби и Ковачевски поголемо, тие го кријат овој договор од јавноста, затоа што ако го објават веднаш ќе бидат воочени овие фактиДуото ГрубиКовачевски е крими тандем кој не само што треба за оваа штета да поднесе оставка, туку треба и да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ