понеделник, 14 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара од Арсовска да каже зошто нема плата за вработените во ЈСП

Се потврдија ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Независниот синдикат на возачи најави дека утре Скопје повторно ќе остане без градски превоз. 

Објавено на

часот

Сподели

„Ретко кога сме изненадени, но не очекувавме дека за толку брзо ќе излезе вистината на виделина, и да се добие потврда за ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека ЈСП е бунар без дно, и дека покрај изгласаните 700 милиони денари субвенции Арсовска уште не исплаќа плати за вработените на ЈСП.

Очекуваме да излезе Арсовска и да каже зошто нема плата, како што воодушевено и полетно излезе кога организираше протести пред советот против ВМРО-ДПМНЕ и кажуваше пред вработените, смеејќи и покажувајќи лажен триумфализам преку оградите, дека го спасила ЈСП.

Исто така не очекуваме ништо ниту СДС, Левица и ДУИ кои срдечно ги поддржаа седумстотини милиони денари субвенции, и во исто време водеа хајка против ВМРО-ДПМНЕ и градеа среќа и профитираа врз туѓата несреќа.

Тонат како брод среде отворено море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ