вторник, 15 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ ѝ порача на Арсовска да си оди зошто е временска непогода за Скопје

Данела Арсовска успеа да го собори сопствениот рекорд и повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања, реагираат денес од ВМРО-ДПМНЕ испраќајќи и порака на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Објавено на

часот

Сподели

„Данела Арсовска нема одговори зошто Скопје колабира, зошто јавниот превоз е пред колапс и зошто Скопје се дави во ѓубре. Арсовска бега од народните претставници, советниците, затоа што нема одговор зошто Скопје наместо да напредува се уназади со неа. Скопје можеби нема метро, но очигледно има видлив неспособен градоначалник. Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, колку побрзо си замине, толку побрзо Скопје ќе тргне напред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ