Кетрин О’нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и на УСАИД. За време на интервјуто на популарниот поткаст на Тим Пул, Кетрин О’Нил го пронајде Владимир Ѓорчев на фотографија на сајтот на македонското Собрание и потврди дека тој е човекот кој во 2016 година се сретнал со нејзината шефица за време на молитвениот појадок.
„Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја урне нашата“. Ова се зборовите на Ѓорчев, изјави О’Нил, Македонецот што го цитира поранешната вработена во Стеј департментот. Тогашната администрација на Трамп ги саботирала сите обиди да се спречат ваквите активности на владините агенции.