петок, 13 декември 2024

Владина одлука за дополнителна помош за оризопроизводителите

Владата соопшти дека се обезбедени дополнителни 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа и 18.000 денари субвенции за хектар. Одлуката е донесена по разговорите и средбите со оризопроизводителите.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Земјоделците конечно добија партнер во Владата. Се донесе одлука за дополнителна поддршка на оризопроизводителите по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа и субвенции од 18.000 денари од хектар. Се обврзавме дека ќе го вратиме достоинството на земјоделците, ќе бидеме нивен партнер и ќе ги слушаме нивните барања и решаваме нивните проблеми. По седум години деградирање и срушена доверба, земјоделците конечно го добиваат она што го заслужуваат“,  наведува владината прес-служба.

Според Владата, изминатите седум години наместо на нивите да произведуваат, земјоделците беа на улиците и протестираа поради негрижата и незаинтересираноста од страна на претходната власт на СДСМ и ДУИ.

„Таа грда слика и состојба во македонското земјоделство се менува. Владата покрај низа мерки и проекти реализирани изминатите 6 месеци и санирање на штетите оставени од претходното раководство, продолжува посветено да работи за подобар животен стандард на земјоделците. Владата е земјоделска, ја разбира маката на земјоделците и го цени и вреднува нивниот труд“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ