недела, 6 октомври 2024

Владата уште размислува, во понеделник ќе се знае кој ќе ја претставува во групата за уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања, Маричиќ рече дека СЕП активно ќе учествува во таа работна група и ќе номинира лице што ќе биде претставник од секретаријатот и со допис до понеделник ќе го информира Министерството за правда.

„Секако, ќе биде човек со искуство кој долго работи на тие прашања и што ќе може да даде соодветен придонес во работната група. Сѐ уште не е дефинирано, но најдоцна  до понеделник ќе ѝ го соопштиме на јавноста“, рече Маричиќ на заедничка прес-конференција со министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ.

Нагласи дека се работи за многу важна работна група и се надева дека сите политички партии ќе номинираат свој претставник.

маричиќ ги повика партиите да учествуваат во разговорот за процесот на уставни измени затоа што прашањето, како што рече, „порано или подоцна ќе дојде во Собранието и политичките партии ќе треба да се изјаснат“.

Наместо ставовите да се изнесуваат секој ден на прес-конференции, преку изјави и со партиски препукувања, таа работна група, рече Маричиќ,  е вистинското место за дискусија, за размена на идеи, давање предлози и за дефинирање на Преамбулата и двете точки што треба да се променат во Уставот.

„Од таа работна група да извадиме еден предлог кој потоа ќе најде свој простор за дискусија  и во општеството и во собранието. Многу е попрактично и поодговорно за државата да учествуваат сите политички партии, и јас ги охрабрувам да не се плашат и да учествуваат. Бидејќи јавно ги изнесоа ставовите, тие ставови да ги соочиме во работната група и да видиме дали можеме да дојдеме до едно заедничко решение, најдобро решение, и да изградиме македонски модел за вградување на овие три заедници или колку и да бидат, што се заинтересирани да влезат во Преамбулата на Уставот, и да го овозможиме тоа. Сметам дека на тој начин ќе се демистифицира процесот повеќе, отколку ако го задржиме на ниво на дневни изјави и политички препукувања. Ние ја поставуваме масата за разговор и ги каниме сите да седнат на таа маса и да разговараме“, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ